Заштита на лични податоци

Заштита на лични податоци

Право за заштита на личните податоци

Правото за заштита на личните податоци, како основно право на човекот и граѓанинот е загарантирано со Уставот на Република Македонија со кој се гарантира сигурноста и тајноста на личните податоци.

Заштита на обработката на личните податоци во Финансиско друштво Финансиски кредитен центар БС ДОО Скопје.

Финансиско друштво Финансиски кредитен центар БС ДОО Скопје во рамките на својот делокруг на работење, а со цел извршување на услуги на клиентите, врши собирање, чување и обработка на лични податоци.

Од аспект на заштита на обработката на личните податоци, Финансиско друштво Финансиски кредитен центар БС ДОО Скопје е Контролор на лични податоци, а Клиентот е Субјект на лични податоци.

Права на Субјекот на лични податоци

Информираност на Субјектот на личните податоци

Кога податоците се прибираат од Субјектот на личните податоци тој мора да

 

биде информиран за :

  • идентитетот на контролорот и неговиот претставник во РМ, ако го има;
  • целите на обработката;
  • корисниците или категории на корисници на личните податоци;
  • задолжителноста на давања на одговори на прашањата;
  • можни последици ако не даде одговор;
  • постоење право на пристап и исправка на неговите податоци;

Барање на информации од страна на Субјектот

Субјектот на лични податоци може да побара од Финансиско друштво Финансиски кредитен центар БС ДОО Скопје да го информира:

  • дали се врши обработка на неговите лични податоци;
  • за целите и правната основа на обработката на личните податоци и корисниците или категориите на корисници на кои им се откриваат личните податоци;
  • за личните податоци во врска со субјектот на личните податоци и изворот на податоци и
  • за автоматизирана обработка, во случај на одлука донесена врз автоматска обработка, која има влијание врз субјектот на лични податоци.

Финансиско друштво Финансиски кредитен центар БС ДОО Скопје е должно да одговори на субјектот на лични податоци, во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето.

Кога Финансиско друштво Финансиски кредитен центар БС ДОО Скопје одговорил на барањето на субјектот на лични податоци од ставот 1 на овој член, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на тој субјект, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале шест месеца од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.

Запирање на обработката на личните податоци

Субјектот на личните податоци има право во секое време, да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг.

Субјектот на лични податоци може да го достави Барањето во секоја филијала на Финансиско друштво Финансиски кредитен центар БС ДОО Скопје низ Р.Македонија.

 

Копија од лична карта

Правењето копии на лични карти е регулирано во Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам.

На барање на сопственикот на личната карта контролорот, односно обработувачот е должен да издаде потврда за направената копија на личната карта во која задолжително се наведува целта за која е направена копијата и рокот на нејзиното чување.

Видео надзор

Финансиско друштво Финансиски кредитен центар БС ДОО Скопје врши видео надзор само на просторот кој е доволен за исполнување на целите за кои е поставен, и тоа:

  • пред влезовите на објектите на Финансиско друштво Финансиски кредитен центар БС ДОО Скопје;
  • внатрешниот простор на објектите на пред влезовите на објектите на Финансиско друштво Финансиски кредитен центар БС ДОО Скопје;
  • каде што се одвиваат службени дејствија;

Во сите простории на пред влезовите на објектите на Финансиско друштво Финансиски кредитен центар БС ДОО Скопје, каде што се врши видео надзор има истакнато Известување во облик на налепница на влезот во просториите.

Известувањето содржи информација:

  • дека се врши видео надзор
  • кој го врши видео надзорот и
  • за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видео надзор.

За да поднесе соодветна тужба, субјектот на лични податоци мора да докаже дека му била нанесена материјална или нематеријална штета и дека за тоа се случило како последица на кршењето на ЗЗЛП.

Офицер за заштита на лични податоци

Паша Кариќ

контакт тел: 02/3166-466 локал 150; 02/3131-190; моб: 074/23 21 12;

e-mail: pasha.karikj@fkcbs.com.mk

Ул. Даме Груев блок 1, 1000 Скопје

Барањето може да го превземете преку следниов линк:

Барање за увид и исправка на личните податоци

0% камата


https://brzkredit.fkcbs.com.mk/

VISA БС Картичка - > > 0 % камата за секој од Вас! VISA БС кредит до 600 000 мкд до 84 месеци - КЕШ или РЕФИНАНСИРАЈ СЕ ВО ЕДНО НА ЕДНО МЕСТО !! ФАКТОРИНГ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА КРЕДИТИ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА -- >> Рамковен кредит, Конкретен кредит за обртни средства, Долгорочен конкретен кредит, Револвинг лимит по НАЈповолни услови!