Факторинг со регрес

Факторинг претставува финансиска активност со која една фирма ги продава своите побарувања од купувачите на финансиски посредник – фактор (банка, финансиско друштво итн.) по намалена (дисконтирана) вредност, а потоа факторот ги наплатува побарувањата од должниците.

Факторот е договорната страна која ја врши карактеристичната чинидба кај овој договор.

Основната цел на Процедурите за факторинг како составен дел на Процедурите на ФД е да ги опфати и објасни условите и процедурите за факторинг работење и неговите специфики.

Предмет на откупот кај факторингот се фактури или други документи со евидентирана пресметката и податоци за прометот на стоки или услуги.

Тоа се тековни или идни парични побарувања кои произлегуваат од прометот на стоки или услуги.

Факторинг провизијаПровизијата е одреден процент од износот кој се откупува или однапред утврден износ изразен во пари.

Основата на факторингот е комерцијална активност помеѓу клиентот и должникот.

Договорот за факторинг се дефинира како договорен однос помеѓу една страна — добавувач (клиент) и друга страна — финансиски посредник (фактор) според кој:

  • клиентот со попуст (дисконт) му ги пренесува на факторот своите недостасани парични побарувања, а кои произлегуваат врз основа на договори за продажба на стока или услуги помеѓу него — клиентот и неговиот купувач (должник),
  • а факторот се обврзува за соодветен надомест да прифати да ги наплати тие побарувања, доколку смета дека платежната способност на должниците на клиентот е добра, со известување на должниците за таквиот пренос, без оглед дали клиентот или факторот го сносат ризикот за наплата на тие побарувања.

Битен услов за постоење на договорот за факторинг е известувањето на должникот за преносот на побарувањата. Имено, продавачот на побарувањата (клиентот) треба да го извести својот должник дека побарувањата му ги пренесол на факторот, иако известувањето може да го изврши и самиот фактор. Инаку, договорот за факторинг има потраен карактер, бидејќи тој може да се однесува не само постоечките недостасани побарувања, туку и за пренос на идните побарувања. Сепак, најчесто договорот за факторинг се склучува за одреден временски период и тој ги вклучува сите парични побарувања што ги има клиентот, а не само одредени поединечни побарувања или трансакции.

Факторинг со регрес – Во зависност од содржината на Договорот во согласно со законските одредби и подзаконските акти на ФД, факторинг со регрес е право на ФД, доколку должникот не ги подмири обврските од фактурата, ФД има право да ја врати целокупната документација на клиентот и од него да бара враќање на средствата кои претходно биле исплатени, согласно со договорот со определен надомест.

Апликативен трошок од 2.500 до 10.000 ден.

Каматна стапка 1% месечно, на искористениот износ

Провизија

од 2% до 5,5% од износот на фактурата,еднократно. Надоместокот се одредува согласно рокот и износот на фактурата:

до 2,5% – до 1 месец

до 3,5% – до 2 месеци

до 4,5% – до 3 месеци

до 5,5% – до 4 месеци

Провизија за проверка во МКБ 1000 ден. за физички лица и 1500 ден. за правни лице

Рок на отплата – До 120 дена, од датумот на издавање на фактурата, рочноста ќе биде усогласена со достасувањето на фактурите.

0% камата


https://brzkredit.fkcbs.com.mk/

VISA БС Картичка - > > 0 % камата за секој од Вас! VISA БС кредит до 600 000 мкд до 84 месеци - КЕШ или РЕФИНАНСИРАЈ СЕ ВО ЕДНО НА ЕДНО МЕСТО !! ФАКТОРИНГ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА КРЕДИТИ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА -- >> Рамковен кредит, Конкретен кредит за обртни средства, Долгорочен конкретен кредит, Револвинг лимит по НАЈповолни услови!