Кредит со хипотека

Износ на кредитот до 3 000.000 денари

Период до 180 месеци

Каматна стапка 14,30%, променлива за остатокот на периодот

Трошоци
• Апликативен 1500 денари
• Проверка во МКБ 1000 денари
• Манипулативен 2% од износот на кредитот
• Провизија за управување на кредит 0,50% месечно

Интеркаларна камата: Од денот на исплата на кредитот до денот на почеток на пресметка на првиот ануитет во висина на номиналната каматна стапка.

Користење на кредитот: Кредитот се користи со:
– пренос на средствата на сметка на корисникот на кредит
– исплата во готово на благајна во ФД
– на друг начин по налог на корисникот на кредит
Корисникот на кредит е должен да склучи договор за кредит со ФД.

Отплата на кредитот: Кредитот се отплаќа во еднакви месечни ануитети или рати, со или без административна забрана
на месечните примања на корисникот на кредит. Ануитетот или ратата содржи дел главница и дел камата. Првиот ануитет или рата достасува за наплата според амортизационен план или согласно договорот. Достасувањето на плаќање е секој месец.

ОПШТИ ОДРЕДБИ
Право на користење на кредитот имаат државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во
Република Македонија и со редовни месечни примања.
Носителот на кредит – кредитокорисникот на денот на поднесување на барањето неможе да биде постар од 60 години

Кредитобарателот е кредитоспособен кога пазарната вредност на залогот ставен под хипотека го покрива во целост кредитот. Соодносот на вредноста на хипотеката и кредитот ги утврдува поединечно за секое барање повисок орган во ФД.
ФД утврдува кредитна способност за кредитобарателот и/или кокредитобарател.
Во кредитна способност на кредитобарателот може да се вклучи и доставена документација за вонредни приходи. ФД
во постапката на обработка на Барањето за кредит покрај однапред утврдената документација го задржува правото да
побара и дополнителна документација и утврди друга кредитна способност.

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КРЕДИТОТ

  • хипотека,
  • кокредитокорисник
  • меница

Сите трошоци поврзани со проценка, одобрување, осигурување, користење и отплата на кредитот, како и нотарските услуги ги сноси корисникот на кредит.
Проценката на недвижностите ја врши овластен проценител од страна на ФД.
ФД го задржува правото да бара дополнителни инструменти за осигурување.
За предвремена отплата на кредитот ФД пресметува и наплатува 5% провизија на предвремено отплатениот дел.
ФД го задржува правото да одлучи по сопствена проценка поинаку кај утврдувањето на кредитните способности,
обезбедувањето и за висината на износите на кредитите.

 

Општи документи

Апликација за кредит

Барање за регистрација на физичко лице

Административна забрана

(Заверена административна забрана во три примерока за кредитобарателот)

Потврда и изјава за редовна отплата на кредит

(Само за фирми кои не заверуваат административна забрана)

Податоци за претпријатието

Изјава за поврзани субјекти(K)

Изјава за семејна и материјална состојба(K)

МЕНИЧНА ИЗЈАВА(K)

МКБ Изјава за СОГЛСАНОСТ(K)

СОГЛАСНОСТ-лични-податоци-Кредитокорисник

Извод од трансакциска сметка на кредитокорисникот за последни 6 месеци

Образец М1/М2

Извод од централен регистар (тековна состојба) не постар од 15 дена (приватни претпријатија)

Рекапитулари за пресметана плата за последни 3 месеци (приватни претпријатија)

 

0% камата


https://brzkredit.fkcbs.com.mk/

VISA БС Картичка - > > 0 % камата за секој од Вас! VISA БС кредит до 600 000 мкд до 84 месеци - КЕШ или РЕФИНАНСИРАЈ СЕ ВО ЕДНО НА ЕДНО МЕСТО !! ФАКТОРИНГ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА КРЕДИТИ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА -- >> Рамковен кредит, Конкретен кредит за обртни средства, Долгорочен конкретен кредит, Револвинг лимит по НАЈповолни услови!