Интервју со управител Даниел Додевски

Додевски: Особено внимание посветуваме на задоволството на нашите клиенти

Групација на небанкарски финансиски друштва

Даниел Додевски, управител на Финансиски кредитен центар БС
Економија и бизнис | печатено издание | април 2023г.

Како ја оценувате тековната состојба во вашиот сектор? Каде е во тие рамки вашата компанија и што носи иднината?

Конкуренцијата на финансискиот пазар на Република Северна Македонија детерминира финансиските друштва постојано да го негуваат своето скромно учество во финансискиот пазар под 1 % на ниво на вкупни средства и истовремено претставува поттик да ја зајакнат сопствената позиција како финтек институции блиски и флексибилни особено за секторот население. Финансиските друштва како небанкарски финансиски институции со своето постоење го зголемуваат степенот на финансиска интермедијација, но она што се наметнува како неопходна потреба е подобрување на соработката со државните институции и органи со цел утврдување на заедничките цели и нивно преточување во соодветната регулатива.
Финансиски кредитен центар БС како еден од најголемите во својот сектор постојано ја зајакнува својата 30-годишна пазарна позиција како финансиска институција што е блиска и флексибилна на потребите на малите и средните компании и која води посебна грижа за секторот население, приспособувајќи ги постојните и воведувајќи нови иновативни производи што ќе ги задоволат потребите на клиентите.
Особено внимание посветуваме на задоволството на нашите клиенти, кое за нас претставува битен показател за успешноста, а ценовната политика претпазливо и постепено ја креираме во насока на минимален импакт врз нашите клиети.
Имајќи ја оваа цел пред нас, во 2022 година продолживме со интензивна кредитна активност остварувајќи континуиран кредитен раст што своевремено придонесе да остваривме раст во речиси сите сегменти од работењето, а пред сè и најзначајно раст на нето-профитот и поврат на капиталот.
Имајќи го предвид фактот дека во тек е постапка за донесување на измени на Законот за финансиски друштва со кои се предвидува поголема заштита на граѓаните преку зајакнати регулаторни барања и стандарди кои треба да ги исполнуваат финансиските друштва, од една страна при истовремена имплементација на една од најголемите промени кои претстојат во 2023 година, т. е. примената на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, кој ни овозможува да креираме бизнис-модел по кој би го прошириле нашето работење во сегментот платежни услуги, упатуваат кон наша континуирана модернизација и забрзана дигитализација со крајна цел подобрување на условите во понудата што беше и остана наш приоритет и за оваа година, а клиентите ќе го почувствуваат бенефитот во сите сегменти од нашето работење.

Линк до статија,
https://ekonomijaibiznis.mk/News.aspx?IdNews=26510

Корисни линкови

НЕНАМЕНСКИ ПОТРОШУВАЧКИ кредит до 700 000 мкд до 120 месеци - КЕШ или РЕФИНАНСИРАЈ СЕ ВО ЕДНО НА ЕДНО МЕСТО !! ФАКТОРИНГ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА КРЕДИТИ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА -- >> Рамковен кредит, Конкретен кредит за обртни средства, Долгорочен конкретен кредит, Револвинг лимит по НАЈповолни услови!

ПРОМОМОЦИЈАТА ПРОДОЖУВА !!!->>> СУПЕР ПОНУДА >>> НЕНАМЕНСКИ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ ДО 700 000 МКД ДО 120 МЕСЕЦИ - КЕШ ИЛИ РЕФИНАНСИРАЈ - ВИЕ БИРАТЕ!!