ОПШТИ УСЛОВИ
- ВОВЕД
- Финансиско друштво Финансиски кредитен центар БС ДОО Скопје, со регистрирано седиште на ул. Даме Груев, бр.Блок 1, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, со ЕМБС 4235827 и ЕДБ 4030994120906, email: info@fkcbs.mk, тел: +389 3166-466 (во понатамошниот текст: ( “Давател на кредит“ или “ФД” [финансиско друштво] ) е финансиско друштво лиценцирано од Министерството за финансии на Република Северна Македонија.
- Овие Општи услови, тарифникот за наплата на услугите и начелата на обработка на личните податоци на клиентите дел на Политиката за приватност, претставуваат составен дел на овие општи услови за користење на финансиските услуги и се применуваат за сите договори склучени помеѓу Давателот на кредит и Клиентот, јавно достапни на официјалната веб страна на Давателот на кредит.
- Давателот на кредит има право еднострано да ги менува овие Општи услови, Тарифата и Политиката за приватност.
- Во случај Клиентот да не се согласи со измената(ите), има право да го раскине Договорот со доставување на писмено известување до Давателот на кредит или на друг договорен начин на комуникација, во рокот од точка 1.3. и со исполнување на сите обврски кои произлегуваат од Договорот(ите).
- Во случај Клиентот да не го искористи правото од точка 3.1. за раскинување на Договорот(ите), ќе се смета дека ги прифаќа измените и со тоа нема да има побарувања од Давателот на кредит во однос на измените на Општите услови, Политиката за приватност или Тарифата.
- Важечките закони на Република Северна Македонија се применуваат на овие Општи услови и секој и сите договори склучени врз основа на овие Општи услови.
- Клиентот може во секој момент да побара примерок од важечките Општи услови во деловните простории на Давателот на кредит или да ги најде на Веб страната на Давателот на кредит.
- ДЕФИНИЦИИ
За целите на овие Општи услови, следните поими, подолу наведени, ќе го имаат следното значење:
- Општи услови – (или „општи услови на работење“) се правила и одредби што ги утврдува Давателот на кредит — при регулирање на односи со своите клиенти или корисници на услуги.
- Договор – обврзувачки договор помеѓу Страните согласно кој Давателот на кредит прифатил да ја разгледа можноста за одобрување на потрошувачки кредит(и) на Клиентот сигласно Општите услови на Давателот на кредит, Тарифник, Политиката за приватност, како и сите останати договори или измени на договорите склучени помеѓу Страните (вклучувајќи ги сите измени и прилози).
- Потрошувачки кредит – Кредит одобрен на Клиентот
- Личен кредитен лимит (ЛКЛ) – максимален износ за кој Клиентот може да аплицира кај Давателот на кредит.
- Дополнителни провизии – Сите други провизии кои не се вклучени во Договорот за кредит кои Давателот на кредит ги наплатува дополнително се наведени во Тарифникот кои е јавно достапен на Веб страната на Давателот на кредит.
- Применливи закони – Закон за финансиски друштва, Закон за трговските друштва, Закон за облигациони односи; Закон за заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити; Закон за договорен залог; Закон за податоците во електронски облик и електронски потпис; Закон за давање на финансиски услуги на далечина како и други применливи закони и подзаконски акти кој ја регулираат оваа материја
- Апликација – Акт (барање) за одобрување на Кредит кое Клиентот го доставува во писмена или електронска или усна форма до Давателот на кредит.
- СВТ – Годишната стапка на вкупните трошоците согласно Законот за заштита на потрошувачите при одобрување на потрошувачки кредити која се пресметува согласно Одлука за методологијата за пресметување на годишната стапка на вкупни трошоци донесена од Народната банка на Република Северна Македонија (“НБРСМ“). За појаснување, сите Дополнителни провизии не влегуваат во пресметката на СВТ.
- Оцена на кредитна способност – Процес на проценка на кредитната способност на Корисникот на кредит и проверка на можноста за враќање на Кредитот..
- Деловни простории – Секој деловен простор, користен од Давателот на кредит, во кој Корисникот на кредит може да изврши една или повеќе од следниве активности: да добие информација и/или консултација за условите за аплицирање, добивање и користење на кредит; да аплицира за кредит; да склучи Договор за кредит; да изврши други активности согласно овие Општи услови за кои експлицитно е наведено дека можат да бидат извршени во соодветната деловна просторија. Локацијата, работното време и соодветната организација, која управува со Деловните простории, се наведени на официјалната Веб страна на Давателот на кредит.
- Кредитно биро –Македонско кредитно биро АД Скопје, државна институција која работи врз основа на Законот за кредитно биро.
- Потпис – своерачен потпис на Страните при создавање, потврдување на мeѓусебен договорен однос.
- Провизии – Сите провизии кои ги наплаќа Давателот на кредит во врска со Кредитот согласно Потрошувачкиот кредит или обезбедениот договор за кредит
- Камата – Износ кој треба да се плати на Давателот на кредит како надомест за користење на средствата дадени од страна на Давателот на кредит.
- Закон за заштита на личните податоци – Законот кој го уредува начинот на собирање, обработка, користење и чување на личните податоци на физички лица, со цел заштита на нивната приватност и дигнитет (Службен весник бр. 42/2020), вклучително и сите измени и дополнувања.
- Кредит – Износот на кредитот како што е дефинирано во Договорот за кредит
- Договор за кредит – Договор за потрошувачки кредит со сите прилози кон истиот како и Договор за кредит со обезбедување со сите прилози кон истите.
- Клиент – физичко лице кое поднесува Апликација за одобрување на кредит до Давателот на кредит или има склучено Договор за кредит со Давателот на кредит.
- МКД – Македонски денар. Македонска парична валута која се користи при кредитите кои се одобруваат согласно овие Општи услови и договорите за кредит, при исплаќање од страна на Давателот на кредит во македонски денари и се отплаќаат од страна на Корисникот на кредитот во МКД.
- OneID – мобилна апликација која овозможува сигурност на клиентите за брза и безбедна идентификација при поднесување на апликација за одобрување на кредит.
- Страни – се договорните страни односно Давателот на кредит и Корисник на кредит.
- Договор за залог – Договор со својство на извршна исправа за залог, во случај на склучување на Договор за кредит со залог или договор за наменски кредит со залог, со сите дополнителни прилози кон истиот.
- Датум на отплата – Датумот на кој Корисникот на кредит е обврзан да го врати Кредитот заедно со сите Провизии
- Тарифа – Ценовник за услугите кај Давателот на кредит кои е објавен и јавно достапен во Деловните простории на Давателот на кредит и на официјалната Веб страна на Давателот на кредит.
- Рок – Сите рокови за целите на овие Општи услови, барањата за одобрување на кредитите и склучените договори, пришто истите се пресметуваат користејќи календарска година во траење од 365 дена.
- Веб страна – Веб страна е електронска јавна страна на Давателот на кредит односно следниот линк www.fkcbs.mk .
- ОПШТИ УСЛОВИ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР
- Давателот на кредит има право да одлучи со кого ќе склучи договор, односно воспостави деловен однос.
- Давателот на кредит може да одобри склучување на Договор, доколку се исполнети следните услови:
- Клиентот е физичко лице и државјанин на Република Северна Македонија, со навршени најмалку 18 години и има деловна способност за склучување на договор;
- Идентитетот на Клиентот е уредно верификуван;
- Клиентот има редовни приходи и може да си го дозволи Кредитот, а од Клиентот може да биде побарано да поднесе доказ за приходите;
- Клиентот побарал Потрошувачки кредит од Давателот на кредит и истиот е одобрен;
- Клиентот го прифатил и потпишал Договорот за кредит;
- Клиентот го прифаќа и потпише Договорот за кредит и неговите прилози и/или било кој друг договор кој би можел да биде потребен (на пр. Договор за залог и сл.)
- Во случај на Договор за залог, во моментот кога залогот е запишан во Заложниот регистар при Централниот регистар на Република Северна Македонија (применливо за обзбедените договори за кредит и наменските обезбедени договори за кредит).
- Oдобрувањето на Кредитот зависи од Оценка на кредитниот ризик (во понатамошниот текст: Оценка).
Давателот на кредит, исто така, може да одбие да одобри Кредит врз основа на информациите содржани во неговата база на податоци. Во случај на одбивање на одобрување кредит заради негативната Оценка врз основа на податоци надворешни бази на податоци, Давателот на кредит ќе го извести Клиентот за причината за одбивање.
- Давателот на кредит нема да склучи договори со лица кои не се државјани на Република Северна Македонија и со клиенти кои нема да ги достават податоците/документите побарани од Давателот на кредит за целите на идентификување и верификување на идентитетот и/или заради оценка на нивната кредитна способност, се во согласност со барањата на Давателот на кредит и доколку врз основа на барање од Давателот на кредит не достави доволно податоци или документи за потеклото на имот или во случај на сомневање за перење пари или финансирање тероризам.
- Давателот на кредит нема да склучи договори со клиенти кои причиниле директна или индиректна штета на Давателот на кредит или претставуваат закана или предизвикале штета на угледот на Давателот на кредит или Клиентот има обврски спрема други кредитори или кредитни институции, судски постапки и постапки за присилна наплата.
- ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈА ЗА КРЕДИТ
- Клиентот лично аплицира за кредит, со поднесување на Апликација до Давателот на кредит. Поднесувањето на Апликација е можно преку Веб страната на Давателот на кредит, во деловните простории на Давателот на кредит или преку било кој друг канал овозможен од Давателот на кредит.
- Во Апликацијата, Клиентот ги наведува своите лични податоци, емаил адреса, телефонски број итн., како и бараниот износ на кредит и рок на отплата.
- Давателот на кредит нема да биде одговорен за било какви грешки при поднесување на податоците од страна на Клиентот, а сите последици кои би можеле да произлезат од таквите грешки, ќе ги сноси Клиентот.
- Со поднесување на Апликацијата, Клиентот мора да даде согласност на Давателот на кредит за добивање извештај или извештаи од Македонско Кредитно Биро АД Скопје (МКБ). Клиентот е согласен дека дадената согласност за добивање извештај од МКБ ќе се однесува на секое и сите барања поднесени од Клиентот до Давателот на кредит во рамки на важноста на Договорот за кредит, изменет од време на време и во согласност со начинот и процедурата за користење на податоците од МКБ.
- Пред одобрување на Кредитот, Клиентот мора да изјави дали е носител на јавна функција (во понатамошниот текст: НЈФ).
- Со потпишување на Договорот, Давателот на кредит му ја доставува на Клиентот договорната документација и условите за Кредит.
- ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА КЛИЕНТОТ И НАЧЕЛАТА НА ЗАПОЗНАЈ ГО СВОЈОТ КЛИЕНТ
- Клиентот или во исклучителни ситуации неговиот застапник, ги поднесува податоците и документите побарани од Давателот на кредит за целите на идентификување на Клиентот.
- Клиентот се идентификува врз основа на документ за идентификација во согласност со закон и прифатлив за Давателот на кредит (пр.важечка лична карта или патна исправа).
- Клиентот или неговиот застапник може да бидат идентификувани преку средства за комуникација прифатливи за Давателот на кредит или со средства за електронска идентификација.
- Давателот на кредит ќе смета дека приложените документи од страна на Клиентот се автентични, важечки и точни.
- Давателот на кредит ќе направи копија од документите поднесени од Клиентот и истите ќе ги чува, физички или електронски, во согласност со закон и Политиката за приватност.
- Давателот на кредит применува домашни и меѓународни мерки за спречување перење пари, и финансирање тероризам. Оттука, Давателот на кредит има право да побара податоци за финансиските активности на Клиентот, како и потеклото на имот на Клиентот. Врз основа на ова, Давателот на кредит има право:
- за времетраење на деловниот однос, на редовна основа да ги ажурира податоците на Клиентот или неговиот застапник и за таа цел да побара и добие дополнителни документи и податоци од Клиентот (вклучувајќи податоци за државјанство, платени даноци, престојувалиште).
- на редовна основа или по сопствена проценка да побара информации и докази за активностите на Клиентот, вклучувајќи ги целта на трансакциите со Давателот на кредит, како и потеклото на средства на Клиентот во трансакциите на Клиентот;
- да ги следи и оценува услугите кои Клиентот ги користи од Давателот на кредит.
- При примена на мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам, Давателот на кредит ќе применува пристап базиран на ризик и врз основа на тоа спроведува соодветни мерки започнувајќи од природата на трансакциите, како и проценка на ризикот дека Клиентот или друго лице поврзано, би можело да биде вклучено во процесот на перење пари или финансирање тероризам.
- ОЦЕНКА НА КРЕДИТОСПОСОБНОСТ
- Давателот на кредит ја оценува кредитоспобноста на Клиентот врз основа на расположливи информации, вклучувајќи информации добиени од Клиентот и по своја проценка, и доколку потребно, врз основа на податоци од надворешни бази на податоци, релевантни за оценката на кредитната способност и до кои информации Давателот на кредит има овластен пристап. Во случај Давателот на кредит да го одбие барањето за Кредит врз основа на податоци надворешни бази на податоци, Давателот на кредит ќе го извести Клиентот за причината за одбивање.
- Клиентот е обврзан да му достави на Давателот на кредит примероци од документите потребни за Оценката, и како што е побарано од Давателот на кредит, како на пример:
- потврда за вработување; и/или
- примерок од извод од трансакциска сметка; и/или
- документ за пензија, во случај на клиент пензионер итн.
- Во случај на Апликација за обезбеден кредит, Клиентот е обврзан да му достави на Давателот на кредитот валиден документ за предметот на залог, а поради обезбедување на Кредитот.
- Како дел од Оценката, Давателот на кредит, по сопствена процена, може, преку своите вработени, да спроведе разговор со Клиентот, за време на кој може да побара да добие дополнителни информации или дополнителни документи.
- За целите на одобрување на Кредит, во согласност со овие Општи услови, Клиентот изјавува дека на денот на поднесување на барањето:
- Нема обврски како гарант, ниту неисполнети обврски кон државата, финансиските институции, кон сегашниот и претходниот работодавач, кон физичко или правно лице, или обврски кои треба да бидат исплатени пред доспевање на Кредитот за кој аплицира, освен оние, за кои при склучување на Договорот за кредит го известил Давателот на кредит;
- против него нема поднесено нотарски платен налог или тужба и не му се познати објективно оправдани причини, кои може да доведат до тоа;
- не се наоѓа во состојба на неликвидност, не учествува во договори чие изведување би било во спротивност со исполнувањето на обврските од Договорот;
- сите доставени информации во Апликацијата се целосни и точни.
- Доколку при пополнување на Апликацијата, Клиентот достави неточни податоци, во зависност од моментот на дознавање на овој факт, Давателот на кредит има право или да го одбие склучувањето на Договорот и/или дaвањето на Кредитот, или да го раскине Договорот (ако таков е склучен) и било кој друг договорен однос со Клиентот, без претходна најава и да побара предвремено враќање на Кредитот, заедно со сите надоместоци, трошоци и пресметани камати или такви кои ќе бидат пресметани до датумот на раскинување на Договорот.
- Во случај Давателот на кредит да ја одобри Апликацијата, Клиентот ќе биде известен за истото преку e- mail и/или телефонски (преку СМС или повик), лично во Деловните простории или деловните простории на Кредитниот посредник.
- Давателот на кредит има право да му понуди на Клиентот услови за склучување на договор поинакви од побараните, вклучувајќи и пократок период за отплата или понизок износ на кредит. Доколку Клиентот ја прифати понудата со потпишување на Договорот, Давателот на кредит нема да побара од Клиентот да поднесе нова Апликација.
- Доколку во апликацијата се наведени сите потребни податоци рокот за разгледување и давање одговор на Апликацијата е 24 (дваесет и четири) часа од поднесувањето на истото. Доколку Апликацијата не биде одобрена до истекот на овој рок, електронската апликација не предизвикува правно дејство помеѓу ФД и Клиентот.
- Давателот на кредит има право, без образложение, да ја одбие Апликацијата, со испраќање на писмено известување до Корисникот на кредитот, вклучително и преку електронска пошта, преку СМС на наведениот телефонски број. Како одбивање на Апликацијата со молчење ќе се сметаат случаите, во кои Давателот на кредит не испратил известување за одобрување на кредитот до Корисникот на кредитот во роковите предвидени за разгледување на Апликацијата.
- Клиентот се задолжува спрема Давателот на кредит со еднократен надоместок за обработка на апликција (во понатамошниот текст: Провизија). Провизијата доспева за плаќање на денот на потпишување на Договор за Кредит, а се отплаќа од Клиентот во рамки на месечните рати во согласност со Амортизациониот план, составен дел од Договор за Кредит. Износот на Провизијата е наведен во Договор за Кредит. Заради избегнување на било какво недоразбирање, надоместокот согласно Амортизациониот план доспева за плаќање во целост и во случај на предвремена отплата на кредитот, делумно или целосно, како и во случај на раскинување на Договорот за кредит по било која основа или причина, без разлика дали раскинувањето е иницирано од Кредиторот или од Клиентот.
- СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР
- Договор се склучува на начин предвиден во овие Општи услови и согласно одредбите од Законот за заштита на потрошувачите при склучување на договор за потрошувачки кредити, Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис како и сите применливи законски прописи важечки на територијата на Република Севрена Македонија.
- Секој Клиент е должен да склучи Договор за кредит со Давателот на кредит.
- Договорот се смета за потпишан, склучен и стапува во сила од моментот кога Кредитобарателот лично и своерачно ќе го потпише, во деловните простории на Давателот на кредит.
- Договорот за кредит со обезбедување се смета за потпишан и склучен од моментот кога Клиентот лично ќе го потпише Договорот и прилозите кон Договорот и ќе биде информиран за сите права и обврски кои произлегуваат од истиот. Договорот за кредит со обезбедување стапува на сила откако Клиентот ќе потпише Договор за залог со Давателот на кредитот и залогот биде запишан во Централниот Регистар на Република Северна Македонија и/или превземен (доколку станува збор за движен имот, злато).
- Секој паричен износ, одобрен и исплатен од ФД на Барателот на кредитот претставува Кредит, даден од ФД под условите на Договорот и на овие Општи услови.
- ИСПЛАТА НА КРЕДИТ
- По успешно склучување на Договорот за кредит, ФД го реализира паричниот износ на одобрениот кредит на следните начини:
- Трансвер на трансакциска сметка наведена од Корисникот на кредит. Истиот носи одговорност за доставување копија од трансакциската сметка, на која да го добие одобрениот износ.
- При пиемот на износот на кредитот во готовина, Корисникот на кредит е должен да потпише потврда во хартиена форма дека го примил целиот износ на кредитот од ФД и таквата потпишана потврда да му ја предаде на ФД.
- При исплата на износот на кредитот во готовина, Корисникот на кредит е должен да презентира исправна и валидна лична карта или пасош. Согласно регулативата за спречување на перење пари, ФД има право и обврска да задржи копија од документите за лична идентификација.
- Клиентот е одговорен за точноста на платежната сметка на која бара исплата на Кредитот.
- Доколку Клиентот доставил до Давателот на кредит невистинити информации или основата за донесување на одлуката за одобрување на Кредитот се сменила (вклучувајќи влошување на финансиската состојба на Клиентот, постоење на товари на предметот на обезбедување кои не му биле познати на Давателот на кредит), Давателот на кредит ќе има право да одбие да го исплати Кредитот врз основа на Договорот.
- Корисникот на кредит може да изврши уплата на средствата на следните трансакциски сметки:
- За Филијала Скопје:
Комерцијална банка АД Скопје, трансакциска сметка 300-0000013519-25
НЛБ банка АД Скопје, трансакциска сметка 210-0423582701-83
Халк банка АД Скопје, трансакциска сметка 270-0423582701-90
- За Филијала Охрид:
Комерцијална банка АД Скопје, трансакциска сметка 300-0100000240-43
НЛБ банка АД Скопје, трансакциска сметка 210-0423582704-74
Халк банка АД Скопје, трансакциска сметка 270-0423582702-87
- За Филијала Струмица:
Комерцијална банка АД Скопје, трансакциска сметка 300-0300000364-58
НЛБ банка АД Скопје, трансакциска сметка 210-0423582703-77
Халк банка АД Скопје, трансакциска сметка 270-0423582703-84
- За Филијала Кочани:
Комерцијална банка АД Скопје, трансакциска сметка 300-0500000310-25
НЛБ банка АД Скопје, трансакциска сметка 210-0423582702-80
Халк банка АД Скопје, трансакциска сметка 270-0423582704-81
- За Филијала Куманово
Комерцијална банка АД Скопје, трансакциска сметка 300-0500000310-25
Халк банка АД Скопје, трансакциска сметка 270-0423582704-81
- За Филијала Тетово
Комерцијална банка АД Скопје, трансакциска сметка 300-0000045099-54
НЛБ банка АД Скопје, трансакциска сметка 210-0423582707-65
Халк банка АД Скопје, трансакциска сметка 270-0423582707-72
- За Филијала Кавадарци
НЛБ банка АД Скопје, трансакциска сметка 210-0423582708-62
Халк банка АД Скопје, трансакциска сметка 270-0423582708-69
- За Филијала Гостивар
- НЛБ банка АД Скопје, трансакциска сметка 210-0423582709-59
Халк банка АД Скопје, трансакциска сметка 270-0423582706-75
8.5 Корисникот на кредит исто така може да изврши уплата на средствата на благајна во просториите на ФД.
- КАМАТА, ПРОВИЗИЈА И СВТ
- Давателот на кредит има право на камата и други провизии и надоместоци согласно Договорот.
- Клиентот ги плаќа каматата и останатите договорени провизии и надоместоци согласно условите договорени во Договорот и во согласност со Амортизациониот план и важечкиот Тарифник. Давателот на кредит започнува со пресметка на каматата од денот на потпишување на Договорот за кредит.
- Каматата се пресметува месечно со примена на едноставниот метод за пресметка на камата и тоа на остатокот од износот на Кредит.
- Провизијата се плаќа од Клиентот на Давателот на кредит за анализа на барањето за кредит, обезбедување средства, склучување на Договорот или измени на Договорот согласно член 10. од овие Општи услови.
- Во случај, ако Корисникот на кредит плати сума во износ, кој не е доволен, за да го врати вкупниот износ кој требало да го плати до тој момент, од извршените уплати ФД првично ќе наплатува по следниот редослед:
- Трошоци ( за испраќање на на СМС пораки, трошоци за писма, потсетување, судска и вонсудска наплата на обврски и други трошоци );
- Провизии ( за администрирање на кредит и други провизии и надоместоци );
- Казнена камата и редовна камата;
- Отплата на главница од кредитот.
- Давателот на кредит има право на Провизијата дури и во случаите кога Клиентот нема да го употреби Кредитот или Давателот на кредит не го исплати кредитот доколку утврди дека Клиентот доставил неточни информации во барањето за кредит или во другите документи доставени до Давателот на кредит (вклучувајќи и известувања и потврди).
- Вкупните трошоци на Кредитот се сите трошоци, вклучувајќи камати, провизии и други надоместоци во врска со Договорот за кредит за Потрошувачки Кредит кои што Клиентот треба да ги плати и коишто му се познати на Давателот на кредит. Стапката на вкупни трошоци на Кредитот се изразува во проценти како годишна стапка (СВТ). Давателот на кредит ќе ја пресмета СВТ во согласност со методологијата за пресметување на годишна стапка на вкупни трошоци пропишана од страна на Советот на НБРСМ.
- Пресметката на СВТ се врши на начин и под услови предвидени со Договорот, и важечка со влегување во сила на Договор за Кредит и евентуални измени и дополнувања (вклучително и каматната стапка важечка во тој временски период). По пресметката на стапката на вкупни трошоци, се смета дека Кредитот е земен во целост од страна на Клиентот, Договорот е во сила до датумот на отплата како што е договорено во Договор за Кредит и страните взаемно ќе ги исполнуваат обврските кои произлегуваат од Договорот.
- АМОРТИЗАЦИОНЕН ПЛАН
- За време на важноста на Договорот, Давателот на кредит го обезбедува Амортизациониот план на Клиентот, без дополнителен надоместок.
- Амортизациониот план содржи податоци за ратите и рокот на нивно достасување и условите во врска со исплатата на тие износи, преглед на секоја исплата со податоци за главнината, каматата која е пресметана врз основа на каматната стапка, доколку е применливо провизии и дополнителни трошоци.
- Клиентот има преглед на Амортизациониот план во Сметката, но дополнително на негово барање, Давателот на кредит ќе му достави Амортизационен план, по пошта или електрноски на маил.
- ОТПЛАТА НА КРЕДИТОТ И ПРЕДВРЕМЕНА ОТПЛАТА
- Клиентот се обврзува дека ќе го отплати Кредитот согласно одредбите предвидени во Договорот за кредит и согласно износите предвидени во Амортизациониот план.
- Клиентот го отплаќа Кредитот на една од трансакциски сметки на Давателот на кредит Наведени во Член 8 став 8.4. или на благајните во една од експозитурите на Давателот на кредит.
- Клиентот, посебно, на негов трошок ги сноси сите поврзани трошоци кои би можеле да произлезат за него од исполнувањето на Договорот (пр. Останати банкарски провизии).
- При отплата на Кредитот, Клиентот се обврзува да се повика на неговиот назив/име и презиме или број на кредит и доколку се повика на бројот на Кредит, ќе се смета дека Клиентот дал изрична инструкција за отплата на обврските од тој кредит, додека со повикување на неговиот назив/име и презиме , Клиентот потврдува дека доколку има повеќе од една доспеана обврска по Кредит или повеќе доспеани обврски наспрема Давателот на кредит, отплатата на доспеаните обврски ќе ја спроведе Давателот на кредит, по сопствена одлука.
- Во случај Клиентот да има повеќе од еден активен Кредит кај Давателот на кредит и Клиентот не дал специфични инструкции за распределба на средствата, распределбата на средствата примени од Клиентот ќе се искористат за намирување на побарувањата, по следниот редослед:
- судски и вонсудски трошоци, смс пораки, трошоци за писма, потсетување, опомени пред утужување;
- надоместоци;
- доспеана казнена камата;
- доспеана, а неплатена договорна камата;
- главница.
- Сите плаќања со кредитен трансфер се сметаат за извршени од моментот на уплатата на трансакциската сметка на Давателот на кредит. Во случај, ако Давателот на кредит утврди дека е извршено плаќање, кое е невозможно да биде идентификувано, тоа плаќање не се смета за валидно до моментот на неговата идентификација, а Клиентот ги сноси сите последици од задоцнето плаќање.
- Во случај, ако Клиентот плати износ кој не е доволен за да ги отплати сите достасани обврски, трошоците за неисполнување и ненавремено исполнување на обврските на Клиентот се намируваат по редослед наведен во член 11.5.
- Клиентот има право предвремено да го отплати Кредитот, во целост или делумно, со поднесување на писмено барање за предвремена отплата до Давателот на кредит.
- Во случај на предвремена отплата на Кредитот, Клиентот е обврзан да ја плати недостасаната главница на Кредитот, преостанатата Провизија и доспеаната камата и други надоместоци до денот на предвремената отплата.
- Давателот на кредит не може да го одбие предвременото исполнување на Договорот за кредит.
- Клиентот го плаќа надоместокот за предвремена отплата на кредитот на Давателот на кредит на денот на целосната или делумна предвремена отплата на Кредитот.
- Доколку Клиентот не го отплатил Кредитот, целосно или делумно, во согласност со условите утврдени од Давателот на кредит, ќе се смета дека Клиентот се откажал од барањето за предвремена отплата.
- Доколку Клиентот не ја потпишал документацијата поврзана со делумната предвремена отплата пред датумот на делумна предвремена отплата, ќе се смета дека Клиентот се откажал од барањето за делумна предвремена отплата, а барањето ќе се повлече.
- Во случај Клиентот да изврши плаќање кое го надминнува достасаниот износ за плаќање, а не го известил писмено Давателот на кредит за намерата за целосна или делумна предвремена отплата, истото нема да се смета како предвремена отплата и износот ќе се смета за претплата и ќе се искористи за подмирување на обврските на Клиентот. Давателот на кредит го задржува правото да го искористи износот за наплата на било кое побарување од Клиентот, а кое произлегува од Договорот(ите) или одобрени барања на Клиентот, доколку истите се доспеани.
- Доколку по целосна отплата на обврските, Клиентот сеуште има расположливи средства, Давателот на кредит ќе изврши поврат на платежната сметка на Клиентот, доколку му е позната, или на друг начин побаран од Клиентот.
- Предвремената отплата на Кредитот може да се изврши и преку одобрување на нов Кредит од страна на Давателот на кредит на Клиентот („Кредит за рефинансирање”). Кредитот за рефинансирање може да се одобри само за цело (а не за делумно) враќање на тековен кредит на Клиентот, при што Клиентот не смее да има доспеани обврски спрема Давателот на кредит. Давателот на кредит не е обврзан да одобри Кредит за рефинансирање.
- ДОЦНЕЊЕ СО ПЛАЌАЊЕ
- Доколку Корисникот на кредит задоцни со плаќање на 2 последователни рати, ФД ќе има право веднаш да го раскине Договорот. Во таков случај, вкупниот износ на кредитот, заедно со каматата до денот на раскинување, трошоците и провизии предвидени со овој Договор доспеваат за плаќање веднаш и во целост. За таа цел ФД ќе го извести Корисникот на кредит преку телефонско јавување и испраќање писмено известување.
- Корисникот плаќа провизија за неисполнување на договорните обврски, која претставува надомест за трошоците на ФД ако Корисникот не ги направи договорните отплати во роковите утврдени во Договорот за кредит. Провизијата за прекршување на договорните обврски за отплата на кредитот се утврдува со важечките Тарифи коишто се достапни на Веб страната-и во филијалите на ФД.
- Корисникот на кредит плаќа провизии (вклучувајќи, но неограничувајќи се на провизија за издавање на кредит, провизија за администрирање на кредит, провизија за продолжување, провизија за прекршување на договорните обврски и други) камата за задоцнето плаќање и казни во случаите наведени во договорот за кредит.
- ПРАВО НА ОТКАЖУВАЊЕ
Корисникот може да се откаже од Договорот во рок од 8 дена, без да наведува причина за откажувањето. Рокот за откажување започнува да тече од денот на склучување на Договорот или од денот кога Корисникот ги добил условите и информациите од Договорот, доколку тој ден е подоцна од денот на склучувањето на Договорот.Корисникот за откажувањето на Договорот треба да го извести ФД во писмена форма или преку друг траен медиум пред истекот на рокот во став 1 од овој член и да ја плати главницата и каматата за периодот од искористувањето на Кредитот до денот на плаќање на главницата, веднаш но не подоцна од 30 дена од денот на известувањето, вклучително и еднократен надоместок за администрирање на кредитот.
- ПОСЛЕДИЦИ ОД ЗАДОЦНЕТО ПЛАЌАЊЕ
- Доколку Клиентот не ги исполнува обврските од Договорот во целост и навремено, Давателот на кредит ги има следните права:
- за физички лица да пресмета договорна каматна стапка во висина од 35% годишно односно 8 % процентни поени над референтната каматна стапка од Народна банка на РСМ од 5.35 % Каматната стапка е прилагодлива и се менува во согласност со Одлука на органите на управувањ ена ФД и одредбите од Законот за облиганиони односи за висина на стапка на договорна камата која неможе да биде повисока од стапка за законски утврдената казнена камата. Каматата се пресметува по истекот на еден календарски месец од пресметувањето на неподмирените обврски од Договорот.
- за правни лица ќе се пресмета и наплати договорна казнена камата во висина на законската казнена камата зголемена за 50 % од денот на достасување до денот на целосна наплата.Стапката на договорна казнена камата е променлива во зависност од промената на законската казнена камата, позитивните прописи кои ја регулираат оваа област и актите на деловната политика на ФД, при што ФД ќе ја пресметува и наплатува највисоката законска дозволена висина на стапка.
- да ги преземе сите потребни активности во согласност со Применливите закони, вклучувајќи и предвремено раскинување на Договорот и било кои други договори склучени помеѓу Страните и да ги спроведе сите потребни активности за наплата на своите побарувања пред сите надлежни органи и институции, вклулувајќи но не ограничувајќи се на судови, нотари, извршители и други.
- да поднесе информација за обврските на Клиентот до Кредитно биро, што може да влијае врз кредитната способност на Корисникот на кредит. Податоците за Корисникот на кредит се доставуваат до Кредитното биро врз основа на писмен договор склучен меѓу Давателот на кредит и Кредитното биро и врз основа на Законот за Кредитно биро.
- РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
- Давателот на кредит има право еднострано да го раскине Договорот и да бара целосна присилна наплата на кредитот и сите други настанати трошоци и писмено да го извести и повика Корисникот во рок од 15 ( петнаесет) дена да гиплати достасаните обврски доколку:
- Корисникот не изврши плаќања на кредитот;
- Изјавата и/или информациите, кои се дадени или потврдени по овој Договор се неточни (невистинити) вомоментот на давање или потврдување;
- Во случај на инсолвентност на Корисникот;
- Корисникот не ги почитува одребите од Договорот;
- Други случаи пртедвидени со закон;
- Корисникот на кредит може да се откаже од Договорот за кредит во рок од 15 (петнаесет) дена, без да наведува причина за откажувањето. Рокот на откажување започнува да тече од денот на склучување на договорот.
- Давателот на кредит има право еднострано да го раскине Договорот и да бара целосна присилна наплата на кредитот и сите други настанати трошоци и писмено да го извести и повика Корисникот во рок од 15 ( петнаесет) дена да гиплати достасаните обврски доколку:
- Корисникот на кредит е согласен ФД да ги продаде побарувањата кои што би можеле да произлезат од склучениот Договор за кредит на трети правни лица, вклучувајќи ги сите податоци и документи поврзани со истите.
- Во случај на отстапување на побарување од договорот за кредит или отстапување на договор за кредит на друго правно лице, корисникот на кредит, има право кон лицето на кое му е отстапено побарувањето, односно договорот за кредит да ги истакне сите приговори, освен личните приговори што ги имал доставено до ФД или Давателот на кредит.
- Клиентот треба да биде известен за извршеното отстапување, освен доколку ФД, во договор со лицето на кое му се врши отстапувањето, пѓродолжува да го сервисира кредитот.
- ЖАЛБЕНА ПОСТАПКА
- Клиентот може да поднесе приговор со допис на адресата на Давателот на кредит наведена погоре.
- На приговорите ќе биде одговорено во најкраток можен рок, а Давателот на кредит ќе настојува да одговори најдоцна во рок од 30 работни дена.
- ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
- Со прифаќање на овие Општи услови, Барателот на кредитот под полна морална, материјална и кривична одговорност, потврдува дека сите податоци кои ги има наведено во барањето за кредит, а врз основа на кои се склучува Договорот за кредит, се вистинити и точни.
- Доколку Барателот на кредитот изврши промена на личните и адресните податоци и за тоа не го извести ФД во писмена форма во рок од 15 дена од денот на настанување на промените, извршената достава на последната евидентирана адреса или електронска пошта адреса ќе се смета за уредна и валидна и тоа како во постапката за редовна отплата на кредитот така и во постапката за присилна наплата на побарувањето на ФД согласно законските прописи.
- Клиентот е согласен дека неговите/нејзините лични податоци може да бидат пренесени на агенција за наплата на побарувања и обработувани за целите на Оценката.
- Давателот на кредит ќе врши обработка на личните податоци на Корисникот на кредит и може да изврши пренос на личните податоци во други држави – земји членки на ЕУ или ЕЕА или други држави кои не се земји членки на ЕУ или ЕЕА, по претходно одобрение за пренос на личните податоци од Агенцијата за заштита на личните податоци заради исполнување на законска или договорна обврска.
- ВИША СИЛА
- Давателот на кредит нема да биде одговорен пред Корисникот на кредит за секое доцнење или пропуст за извршување на обврските кои се поради виша сила (како што е дефинирано во подолу).
- “Виша сила” ќе значи секој настан кој не може да се спречи ниту предвиди, настанат по потпишувањето на Договорот за кредит помеѓу Давателот на кредит и Корисникот на кредит и кој доведува до неможност за исполнување на обврските, преземени од Давателот на кредит според Договорот за кредит и / или овие Општи услови, вклучувајќи, но неограничувајќи: законски, административни или владини ограничувања, природни катастрофи, пандемии, бунтови, востанија, судири или немири, војна, терористички напади, земјотреси или други деструктивни дејства на природни сили, општонародни штрајкови, ембарго.
- При настанување на Виша сила, Давателот на кредит ќе ги преземе сите разумни активности и мерки, за да ги ограничи евентуалните загуби и штети, и ќе го извести Корисникот на кредит во рок од една недела од денот на завршувањето на вишата сила.
- Недостатокот на финансиски средства нема да се смета за виша сила, како во однос на Давателот на кредит, така и во однос на Корисникот на кредитот.
- ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
- Сите известувања помеѓу Страните во врска со Договорот ќе се прават во согласност со Договорот.
- Доколку некоја одредба или дел од одредбите од овие Општи услови бидат прогласени за неважечки, останатите одредби остануваат во сила, а неважечките одредби ќе бидат заменети со важечки кои се во согласност со иницијалните намери на Страните, најмногу можно.
- Со потпишување на Договорот, Клиентот потврдува дека ги прочитал и разбрал овие Општи услови и во целост ги прифаќа.
- Корисникот на кредит изјавува дека е запознаен и согласен дека Општите услови можат да бидат објавени на веб страната на ФД (http://fkcbs.com.mk) – https://brzkredit.fkcbs.com.mk/, како и дека Давателот на кредитот не е обврзан лично да го извести Корисникот на кредитот за направените измени. Корисникот на кредитот се смета дека е информиран од страна на Давателот за секакви измени на Општите услови за кредитирање на денот кога истите се објавени Веб- страната. Финансиски кредитен центар БС ДОО Скопје.
Скопје, Декември 2025 година


