Понуда за финансиска поддршка на правни лица

Понуда за финансиска поддршка на правни лица кои се кредитокорисници во

ФД ФИНАНСИСКИ КРЕДИТЕН ЦЕНТАР БС ДОО Скопје

(01.04.2020 – 30.06.2020 година)

Кредитокорисници се сите правни лица кои се изложени во ФД по основа на долгорочни и краткорочни кредити, револвинг кредити, факторинг и гаранции.

Финансиската подршка на правните лица кои се кредитокорисници во ФД ФКЦ БС ДОО Скопје, изразена е преку следните можности:

  1. Oдложување на плаќањата на месечните обврски по рати од долгорочни кредити кои доспеваат во наредните 3 месеци (01.04.2020 – 30.06.2020 година).
  2. Пролонгирање на периодот на отплата на Револвинг кредитите и Кредити со еднократна отплата
  • Обезбедување дополнителни средства преку ФАКТОРИНГ и/или КРЕДИТ.
  1. Oдложување на плаќањата на месечните обврски по рати кои доспеваат во наредните 3 месеци (01.04.2020 – 30.06.2020 година)

Понудата на можност за одложување на плаќањата на месечните обврски по рати кои доспеваат во наредните 3 (три) месеци подразбира вклучување грејс период од 01.04.2020 – 30.06.2020 година, при што во грејс периодот ФД ФКЦ БС ДОО Скопје ќе врши пресметка и наплата на каматата.

ДОЛГОРОЧНИ КРЕДИТИ

Оваа понуда се однесува на кредитокорисниците кои користат долгорочни кредити со ануитетска отплата и кај истата има 2 опции:

  1. Промена на планот на отплата со можност за вметнување на грејс период од 3 месеци во рамки на истиот период на отплата на кредитот со зголемување на висината на ануитетите, без промена на крајниот рок на достасување на кредитот согласно склучениот Договор за кредит.

Појаснување: По завршување на грејс периодот во кој што се врши пресметка и наплата на каматата, се прави нова пресметка на амортизациониот план со што месечните достасувања ќе бидат рамномерно распределени во останатиот период на отплата до крајниот рок на достасување на кредитот согласно склучениот Договор за кредит.

  1. Промена на планот на отплата со можност за вметнување на грејс период од 3 месеци и промена на период на отплата на кредитот, односно со промена/продолжување на крајниот рок на достасување на кредитот согласно склучениот Договор за кредитза дополнителни 3 месеци.

Појаснување: По завршување на грејс периодот во кој што се врши пресметка и наплата на каматата, се прави нова пресметка на амортизациониот план со што крајниот рок на достасување на кредитот се продолжува за дополнителни 3 (три) месеци.

* Оваа опција е применлива само доколку дозволува правната документација (рок на важење на нотарскиот акт за хипотека, залог, меница и др.)

  1. Пролонгирање на периодот на отплата на Револвинг кредитите и Кредитите со еднократна отплата

КРАТКОРОЧНИ КРЕДИТИ

На правните лица кредитокорисници на краткорочните кредити во вид на Револвинг кредити и или Кредити со еднократна отплата кај кои што во периодот од 01.04.2020 – 30.06.2020 година целосно им достасуваат кредитите за отплата ФД ФКЦ БС ДОО Скопје им нуди можност за Пролонгирање на Рокот на користење на кредитот за дополнителна 1 (една) година.

Појаснување:Се продолжува да се пресметува и наплатува месечна камата согласно условите и одредбите од Договорот за кредит .

III. Обезбедување дополнителни средства преку ФАКТОРИНГ и/или КРЕДИТ.

ФД ФКЦ БС ДОО Скопје на своите клиенти кредитокорисници им нуди можност за дополнителни средства во форма на краткорочни пласмани преку ФАКТОРИНГ и/или КРЕДИТ со кои ќе можат да ги надминат краткорочните ликвидносни потешкотии.

 

* Понудите под I и II, важат само за друштвата кредитокорисници кои на денот на поднесување на барањето за користење на можноста за финансиска подршка НЕМААТ ДОСПЕАНИ ОБВРСКИ.

* Доколку друштвата кредитокорисници во текот на грејс периодот извршат целосна отплата на кредитот, се применуваат одредбите предвидени во Договорот за кредит.

ОТВОРЕНА ЈАВНА ПОНУДА од ФД Финансиски кредитен центар БС ДОО Скопје, за промена на договорите на кредитните продукти за правни лица, Ви овозможува:

Барање за поволни услови за правни лица

Корисни линкови

НЕНАМЕНСКИ ПОТРОШУВАЧКИ кредит до 700 000 мкд до 120 месеци - КЕШ или РЕФИНАНСИРАЈ СЕ ВО ЕДНО НА ЕДНО МЕСТО !! ФАКТОРИНГ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА КРЕДИТИ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА -- >> Рамковен кредит, Конкретен кредит за обртни средства, Долгорочен конкретен кредит, Револвинг лимит по НАЈповолни услови!

ПРОМОМОЦИЈАТА ПРОДОЖУВА !!!->>> СУПЕР ПОНУДА >>> НЕНАМЕНСКИ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ ДО 700 000 МКД ДО 120 МЕСЕЦИ - КЕШ ИЛИ РЕФИНАНСИРАЈ - ВИЕ БИРАТЕ!!