Известување и јавна понуда

Почитувани клиенти,

JАВНА ПОНУДА за промена на договорните услови за кредитни производи поради корона-кризата

Врз основа Уредбата со законска сила за примена на Законот за финансиските друштва за време на вонредна состојба (Службен весник на РСМ бр.90 од 04.04.2020 година), со цел ублажување на последиците од пандемијата на COVID-19, ФД Финансиско друштво Финансиски кредитен центар БС ДОО Скопје на ден 08.04.2020 година, го објавува следното

ИЗВЕСТУВАЊЕ И ЈАВНА ПОНУДА број 0206/32/2

за промена на договорните услови за кредитните производи на физички лица

Понудата се однесува на сите физички лица – клиенти на ФД, кои имаат кредити, и со датум 31.03.2020 година се редовни кредити во категорија и немаат статус на нефункционална кредитна изложеност.

Детални услови на Понудата по типови производи:

  1. Понуда за КРЕДИТИ

1.Во периодот од 01.04.2020 до 30.06.2020 физичките лица кои се корисници на кредити по договорите за кредит кои се склучени заклучно со 31 март 2020 година ги плаќаат обврските на месечен ануитет намален за најмалку 70% од редовниот месечен ануитет.

2.Периодот на отплата, односно рокот за плаќање на месечните ануитети по договорите за кредитите од точка (1) се продолжува за најмалку 90 дена по истекот на периодот од точка (1).

Обврските по основ на помалку платени ануитети во периодот од 1 април до 30 јуни 2020 година согласно точка (1) се одложуваат согласно одобрениот рок за плаќање или рамномерно се распоредуваат во месечните ануитети кои ќе доспеат по 30 јуни 2020 година.

3.Камата пресметана за време на грејс периодот: За цело времетраење во периодот од 1 април до 30 јуни 2020 година, ФД ќе достасува само 30% од анутитетите пропорционално на составните делови на ануитетот, согласно Договорот за кредит. По истек на предвидениот период од 3(три) месеци, преостанатиот дел од ануитетите ќе се води како недоспеани обврски од кредитот и ќе се распореди за наплата во ануитетите согласно новиот амортизационен план. ФД нема да пресметува камата на камата.

4.Административна забрана: За време на периодот од три месеци, кај кредитите кои се плаќаат со административна забрана, Ве молиме да го известите Вашиот работодавач дека за време на овој периодот истата треба да ја намали и да изнесува 30% од износот на ануитетот.

  1. Самостојни уплати на кредитната партија: За време на периодот од 3(три) месеци имате право самостојно да вршите уплати на кредитната партија, а со истите ФД ќе постапува на следниот начин:а) Сите уплати на кредитната партија извршени во овој период, за кредитна партија која нема доспеани обврски, ќе се евидентираат како примени аванси во тек на грејс периодот. Во јули 2020 година, сите примени аванси на кредитната партија, кумулативно ќе се евидентираат како уплата за намалување на недоспеаните обврски кои произлегуваат од намалените ануитети и без доставување писмено барање од страна на корисникот на кредитот ќе се направи намалување на кредитното салдо.

б) Сите уплати на кредитната партија извршени во овој период, за кредитна партија која има доспеани обврски, ќе се евидентираат за затворање на доспеаните обврски по редослед и во рок предвиден во Договорот за кредит. За уплатите кои ќе следуваат по затворање на доспеаните обврски, ќе се постапува согласно точка 5, став а од оваа Понуда.

  1. Нов Амортизационен план за отплата: По евидентирање на сите промени на кредитното салдо предвидени во точка 3 и 5 од оваа Понуда, како и согласно промената од точка 2, во јули 2020 година ФД ќе изготви нов амортизационен план на отплата на кредитот и почнувајќи од јули 2020 година ќе продолжи редовното достасување на ануитети по кредитот. ФД ќе го извести корисникот на кредитот за новиот износ на ануитетот на начин предвиден во Договорот за кредит.
  2. Редослед на засметување по изготвување на нов Амортизационен план: По изготвување на новиот Амортизационен план за отплата од точка 6, во целиот понатамошен период на важност на Договорот за кредит, во редоследот на засметување предвиден во Договорот, капитализираната камата добива приоритет на наплата пред главнината по кредитот, така што ФД од извршените уплати и наплатата ќе ги затвора обврските по рочност на нивното достасување по следниот редослед: трошоци по кредит, камати, капитализирана камата и главнина по кредитот. Овој редослед на засметување ќе се применува и во случај на предвремена уплата на недостасаниот дел од кредитот.
  3. Ликвидација на кредит во текот на грејс периодот: Доколку корисникот на кредитот, во текот на грејс периодот изврши целосна отплата на кредитот, се применуваат одредбите предвидени во Договорот за кредит.
  4. Правно дејство на Понудата: Правното дејство на изменетите услови од договорот за кредит има важност и на целокупната договорна пропратна документација (амортизациони планови, трајни налози и друга документација), сите нотарски исправи и обезбедувања (договори за залог владетелски – невладетелски, меници, гаранции, договори за пристапување кон долг, и останати договори за какво било друго обезбедување), и тоа без склучување нови договори/анекси кон постоечките договори, нотарски исправи и останати инструменти на обезбедување, како и без да се врши промена на веќе запишаните податоци во јавните книги и регистри.
  5. Услов за кумулативност: Понудата е неделива и важи само со кумулативно исполнување и прифаќање на сите погоре наведени услови за секој поединечен Договор за кредит.
  6. Останати договорни одредби: Сите останати договорни одредби од постоечкиот договор, кои не се опфатени во оваа понуда, остануваат во важност за цело времетраење на Договорот.
  1. Понуда за индивидуално поднесување на барање за дополнителни олеснувања

Секој корисник на кредит може да поднесе барање за олеснување на исполнување на Договорот за кредит, кое истото ќе се разгледа и согласно проценката на ФД може да се одобра следниво:

  1. Пролонгирање на Рок на користење на кредитот: Рокот на користење на кредитот може да се пролонгира со намалување на износот на ануитетите.
  2. Рефинансирање на кредитот со склучување на нов Договор за кредит.
  3. Останати договорни одредби: Сите останати договорни одредби од постоечкиот договор, кои не се опфатени во оваа понуда, остануваат во важност за цело времетраење на Договорот.

ДОГОВОРНИ УСЛОВИ ЗА СИТЕ ТИПОВИ ПРОИЗВОДИ

Со објавувањето на оваа Понуда на веб-страницата на ФД се смета дека Понудата е доставена до сите физички лица корисници на кредитни производи, солидарните должници и заложните должници, на денот на објавувањето.

Сите физички лица корисници на кредитни производи, солидарните должници и заложните должници, кои ги исполнуваат условите на оваа Понуда, а кои сакаат да продолжат со редовна отплата на истите без промена на договорните услови, во рок од 10 (десет) дена од објавата на оваа Понуда, односно најдоцна до 18.04.2020 година, до 16:00 часот, имаат право да ја ОДБИЈАТ Понудата со известување до ФД по електронски или писмен пат, а во спротивно ќе се смета дека Понудата е прифатена. Доколку физичкото лице има повеќе кредитни производи и/или партии во ФД, има право поединечно да одлучи да ја одбие Понудата за секој производ и/или партија и потребно е да го наведе секој поединечен производ и партија за која ја одбива Понудата.

Физичките лица коишто нема да ја одбијат Понудата на ФД до 18.04.2020 година, се смета дека ја прифатиле Понудата, со што сите услови од оваа Понуда стануваат договорни одреби кои се составен дел на склучените договори со физичките лица корисници на кредитни производи, солидарните должници и заложните должници.

Променетите услови од Договорите за кредити, како и сите нотарски исправи и обезбедувања (договори за залог владетелски – невладетелски, меници, гаранции, договори за пристапување кон долг, и останати договори за какво било друго обезбедување) спрема физичките лица корисници на кредитни производи, солидарните должници и заложните должници, произведуваат правно дејство по истекот на рокот од 10 (десет) дена од објавата на оваа Понуда, без склучување нови договори и/или анекси кон постоечките договори, нотарски исправи и останати инструменти на обезбедување, како и без да се врши промена на веќе запишаните податоци во јавните книги и регистри.

ВАЖНА НАПОМЕНА:

Физичките лица кои ја ПРИФАЌААТ Понудата НЕ ИСПРАЌААТ никакво известување до ФД и договорните услови се сметаат за променети согласно оваа Понуда на 18.04.2020 година.

Известување испраќаат исклучиво клиентите кои ја ОДБИВААТ Понудата, и тоа само преку ЕДЕН од понудените начини за известување наведени во продолжение:

А. Директно известување по електронски пат со пополнување на формата, подоле на иставава страна.

Полето за известување по електронски пат за ОДБИВАЊЕ на понудата Ве води до готова форма на известување,во која треба да ги пополните задолжителните(*) полиња, како и да се наведат броевите на кредитните партии за кои се испраќа ова известување.

До крајниот рок на Понудата можете да го промените мислењето и да направите нов избор, со повторно најавување во првичната форма.

ИЛИ

Б. Писмено известување на следната адреса:

  1. Ул. Даме Груев блок 1, 1000 Скопје, со назнака „Одбивање на Јавна понуда број од 08.04.2020 година“, при што во самиот документ треба да наведете име и презиме, датум и своерачен потпис, како и сите поединечни производи и броеви на партии за кои се одбива Понудата.
  1. Електронска адреса: otvorenaponudabs19@fkcbs.mk

Сите писмени известувања, кои ќе бидат примени во архивата на ФД на горенаведената адреса или испратени по пошта со поштенски печат на ковертот во рокот додека важи Понудата, односно заклучно со 18.04.2020 година, ќе бидат прифатени согласно важноста на Понудата.

Датум на Јавната понуда: 08.04.2020 година

Корисни линкови

НЕНАМЕНСКИ ПОТРОШУВАЧКИ кредит до 700 000 мкд до 120 месеци - КЕШ или РЕФИНАНСИРАЈ СЕ ВО ЕДНО НА ЕДНО МЕСТО !! ФАКТОРИНГ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА КРЕДИТИ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА -- >> Рамковен кредит, Конкретен кредит за обртни средства, Долгорочен конкретен кредит, Револвинг лимит по НАЈповолни услови!

ПРОМОМОЦИЈАТА ПРОДОЖУВА !!!->>> СУПЕР ПОНУДА >>> НЕНАМЕНСКИ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ ДО 700 000 МКД ДО 120 МЕСЕЦИ - КЕШ ИЛИ РЕФИНАНСИРАЈ - ВИЕ БИРАТЕ!!