Почитувани клиенти
Добродојдовте на веб страната на ФД ФИНАНСИСКИ КРЕДИТЕН ЦЕНТАР БС.
ФД ФИНАНСИСКИ КРЕДИТЕН ЦЕНТАР БС ја создаде оваа веб страна со единствена цел – приближување на нашите производи и услуги до Вас почитувани клиенти.
На веб страната ќе можете да добиете детални информации за нашите кредитни производи, условите под кои се одобруваат кредити и други информации поврзани со работењето на ФД ФИНАНСИСКИ КРЕДИТЕН ЦЕНТАР БС.
Исполнувањето на Вашите желби и потреби претставува наш предизвик !
Финансиско друштво ФИНАНСИСКИ КРЕДИТЕН ЦЕНТАР БС ДОО Скопје е правен наследник на Штедилницата МАК БС ДОО Скопје.
Согласно решение од Гувернерот на НБРМ бр. 25257 од 28.07.2017 година добиена е согласност за преобразба на Штедилницата во Финансиско друштво без да се спроведе постапка на ликвидација а согласно Решението на Министерство за финансии од 26.09.2017 година под број 13-7669/6 добиена е дозвола за основање и работа на Финансиско друштво ФИНАНСИСКИ КРЕДИТЕН ЦЕНТАР БС ДОО Скопје, со што станува правен наследник на Штедилница МАК БС ДОО Скопје.