Револвинг кредит

Износ на кредитот до 100.000 денари

Период до 12 месеци

(се обновува по автоматизам секоја година )

Каматна стапка 10,25% номинална стапка

Трошоци

  • Членарина 1.200 денари после првата година
  • Апликативен 600 денари
  • Проверка во МКБ 400 денари
  • Манипулативен 3% од износот на кредитот

Интеркаларна камата: Од денот на исплата на кредитот до денот на почеток на пресметка на првиот ануитет во висина на номиналната каматна стапка.

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) – 16.15% за износ на кредит од 100.000 денари и рок на отплата 12 месеци.

* Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка.

Користење на кредитот: Кредитот намален за износот на трошоците, интеркаларната камата, и друго се користи со:
– пренос на средствата на сметка корисникот на кредит
– исплата во готово на благајна во ФД
– на друг начин по налог на корисникот на кредит
Корисникот на кредит е должен да склучи договор за кредит со ФД и истиот да го отплаќа според утврдените
услови.
По истекот на рокот од 12 месеци, кредитот се обновува по автоматизам.
Во моментот на продолжување на рокот на користење на кредитот, се анализира кредитната историја на
клиентот (редовноста во сервисирање на обврските) и капацитетот за идна отплата на обврските.

Отплата на кредитот: Износот на месечен минимум за плаќање е 1% од вкупниот долг плус каматата за искористениот износ.
Достасувањето е секој месец.

ОПШТИ ОДРЕДБИ
Право на користење на кредитот имаат државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во
Република Македонија и со редовни месечни примања.
Учесниците во кредитот на денот на достасување на последниот ануитет согласно договорот за кредит неможе да бидат постари од 64 години за мажи и 62 години за жени (по исклучок 66 год. за мажи и 64 год. за жени доколку се обезбеди дополнително обезбедување од корисникот на кредит).

ФД утврдува кредитна способност за кредитобарателот.

Кредитобарателот е кредитно способен, кога има нето месечни примања кои гарантираат дека месечниот ануитет нема да преминува 60 % од вкупните редовни месечни нето примања или повеќе само со одлука од надлежен орган .

Во кредитна способност на кредитобарателот може да се вклучи и доставена документација за вонредни приходи.

ФД во постапката на обработка на Барањето за кредит покрај однапред утврдената документација го задржува правото да побара и дополнителна документација и утврди друга кредитна способност

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КРЕДИТОТ

  • БЕЗ ЖИРАНТИ со меница издадена и акцептирана од страна на кредитокорисникот во форма на Нотарски акт
    со извршна клаузула
  • Друго

ОСТАНАТИ УСЛОВИ
Сите трошоци поврзани со одобрување, осигурување, користење и отплата на кредитот, како и нотарските услуги ги
сноси корисникот на кредит.
За предвремена отплата на кредитот ФД не пресметува и наплатува провизија на предвремено отплатениот дел.
ФД го задржува правото да одлучи по сопствена проценка поинаку кај утврдувањето на кредитните способности,
обезбедувањето и за висината на износите на кредитите.

Општи документи

Апликација за кредит

Барање за регистрација на физичко лице (кредитобарател)

Административна забрана за кредитобарател

(Заверена Административна забрана во три примерока за кредитобарател)

Потврда и изјава за редовна отплата на кредит

(Само за фирми кои не заверуваат административна забрана)

Изјава за поврзани субјекти(K)

Изјава за семејна и материјална состојба(K)

МЕНИЧНА ИЗЈАВА(K)

МКБ Изјава за СОГЛСАНОСТ(K)

СОГЛАСНОСТ лични податоци (К)

Извод од трансакциска сметка на кредитобарателот за последни 6 месеци

Образец М1/М2

Извод од Централен регистар (тековна состојба) не постар од 15 дена (приватни претпријатија)

Рекапитулари за пресметана плата за последни 3 месеци (приватни претпријатија)

Добрите навики се вистинско решение кои се стекнуваат од мали нозе!
За добра цел и можност за секој !