Износ на кредитот согласно потребите и кредитоспособноста на барателот на кредитот
Намена:
* Инвестирање во недвижен имот
* Купување на нови/употребувани транспортни средства и опрема
* Рефинансирање на кредитна обврски во други финансиски институции
(банки, штедилници, финансиски друштва)
Период до 96 месеци
Каматна стапка – Согласно Критериуми за определување на висината на каматна стапка (во зависност од бизнисот, бонитетот на клиентот, понуденото обезбедување и др.)
Трошоци:
• Апликативен согласно Тарифа за надоместоци на ФД од 3.500 до 10.000 ден. еднократно
• Проверка во МКБ ( 2.500 мкд за физички лица и 3.000 мкд за правни лица)
• Провизија согласно Тарифа за надоместоци на ФД -до 4% еднократно
• Провизија за месечно одржување 1%.
Отплата на кредитот :
*Со еднакви ануитети, согласно план на отплата
*Со грејс период, и отплата на главница во ануитети, согласно план на отплата
*Со динамичен план на отплата, согласно сезоналноста на бизнисот
*Со еднократна отплата на главницата по изминување на грејс периодот
- Хипотека на недвижен имот (до 75% од проценетата вредност на имотот);
- Залог на возило (до максимум 50% од вредноста на возилото
- Залог на наменски паричен депозит депониран во банка-со склучување на Договор за владетелски залог
– За депозит во денари или еур кој служи како обезбедување за конкретен кредит, револвинг кредит, факторинг, гаранција, кредитна картичка,ФД кредитира до 97% од залогот;
– За депозит во УСД кој служи како обезбедување за за конкретен кредит, револвинг кредит, факторинг, гаранција, кредитна картичка,ФД кредитира до 90% од залогот.
Обезбедување – комбинација од наведените инструменти
* Рамковен лимит;
* Хипотека на недвижен имот;
* Залог на подвижни предмети;
* Паричен депозит;
* Жиранти со административна забрана;
* Гарант – правно лице;
* Меница издадена од друштвото, авалирана од Управителот и/или основачи и останати гаранти – правни или физички лица, со менични изјави;
* Меница во форма на нотарски акт;
* Залог на хартии од вредност.
Хипотеките и залозите се предмет на проценка/репроценка мин. 1 годишно. Истите треба да бидат осигурани, а полисите винкулирани во корист на ФД.
Финансиското друштво го задржува правото да побара и дополнително обезбедување во зависност од висината на барањето и од резултатите од кредитната анализа, а согласно одлуката од Кредитен одбор.