Износ на кредитот до 300.000 денари
Период до 60 месеци
Каматна стапка 14,30%, променлива за остатокот на периодот
Обезбедување:
- 1 жирант до 150.000 денари
- 2 жиранти до 300.000 денари
Трошоци
• Апликативен 3000 денари
• Проверка во МКБ 2000 денари
• Манипулативен 4% од износот на кредитот
• Провизија за управување на кредит 0,99% месечно
Интеркаларна камата: Од денот на исплата на кредитот до денот на почеток на пресметка на првиот ануитет во висина на номиналната каматна стапка.
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) -40,32% за износ на кредит од 300.000 МКД и рок на отплата 60 месеци.
*Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка.
Кредитот намален за износот на трошоците, интеркаларната камата и друго се користи со:
– исплата во готово на благајна во ФД
– пренос на средствата на сметка на корисникот на кредит
– на друг начин по налог на корисникот на кредит.
Корисникот на кредит е должен да склучи договор за кредит со ФД и истиот да го отплаќа според
утврдените услови.
Отплата на кредитот: Кредит се отплаќа во еднакви месечни ануитети. Ануитетот содржи дел главница и дел камата. Првиот ануитет достасува според амортизационен план или согласно договорот.
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Право на користење на кредитот имаат државјани на Република Македонија, лично корисници на пензискиот фонд на Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија.
Кредитобарателот – пензионер, неможе да биде постар од 75 години на денот на последната обврска од кредит или повеќе само со одлука од повисок орган.
ФД утврдува кредитна способност за кредитобарателот и солидарните жиранти.
Кредитобарателот и солидарните жиранти се кредитно способни, кога имаат нето месечни примања со кои гарантираат месечниот ануитет нема да преминува 70% од вкупните месечни нето примања.
Во кредитна способност на кредитобарателот може да се вклучи и доставена документација за вонредни приходи.
ФД во постапката на обработка на Барањето за кредит покрај однапред утврдената документација го задржува правото да побара и дополнителна документација.
ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КРЕДИТОТ
- солидарни жиранти
- меница, потпишана од страна на сите учесници во кредитот
- друго
ОСТАНАТИ УСЛОВИ
Сите трошоци поврзани со одобрување, осигурување, користење и отплата на кредитот ги сноси корисникот на кредит.
За предвремена отплата на кредитот ФД не пресметува и наплатува провизија. ФД го задржува правото да одлучи по сопствена проценка поинаку кај утврдувањето на кредитните способности, обезбедувањето и за висината на износите на кредитите.
Општи документи
Барање за регистрација на физичко лице (за кредитобарател)
Изјава за поврзани субјекти(K)
Изјава за семејна и материјална состојба(K)
СОГЛАСНОСТ-лични-податоци-Кредитокорисник
Потврда од ПИОМ за последни 3 месеци
Извод од трансакциска сметка на кредитобарателот за последни 6 месеци
Жиранти
Потребни документи за приватна фирма
Барање за регистрација на физичко лице (за жирант)
(Заверна Административна забрана во три примерока за жирант)
Потврда и изјава за редовна отплата на кредит
(Само за фирми кои не заверуваат административна забрана)
Изјава за семејна и материјална состојба
СОГЛАСНОСТ-лични-податоци-жирант
Извод од трансакциска сметка на жирант за последни 6 месеци
Образец М1/М2
Извод од централен регистар (тековна состојба) не постар од 15 дена (приватни претпријатија)
Рекапитулари за пресметана плата за последни 3 месеци (приватни претпријатија)
Здравствена легитимација/ ФЗО број