Износ на кредитот до 400.000 денари
Период до 96 месеци
Каматна стапка 8%, променлива за остатокот на периодот
Трошоци:
- Апликативен 500 денари
- Проверка во МКБ 500 денари
Интеркаларна камата: Од денот на исплата на кредитот до денот на почеток на пресметка на првиот ануитет во висина на номиналната каматна стапка.
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) – 8,34% за износ на кредит од 400.000 денари и рок на отплата 96 месеци.
* Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка.
Кредитот намален за износот на трошоците, интеркаларната камата и друго се користи со:
– исплата во готово на благајна во ФД
– пренос на средствата на сметка на корисникот на кредит
– на друг начин по налог на корисникот на кредит.
Корисникот на кредит е должен да склучи договор за кредит со ФД и истиот да го отплаќа според утврдените услови.
Право на користење на кредитот имаат државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија. Кредитот е наменет само за интерно вработени лица во фирмите на оснивачите и овие услови се важечки се до моментот додека вработените се во работен однос до овие фирми/друштва.
Доколку корисникот на кредит (вработеното лице) во текот на животниот век на кредитот ја напушти фирмата/друштвото во кој е вработен од тој момент престануваат да важат овие кредитни услови и започнуват да важат т.е. се применуваат тековните пазарни кредитни услови (се пресметува нов амортизационен план) во однос на каматната стапка и месечната провизија за управување со кредитот, како и за останатите клиенти.
Отплата на кредитот: Кредит се отплаќа во еднакви месечни ануитети. Ануитетот содржи дел главница и дел камата.
Првиот ануитет достасува според амортизационен план или согласно договорот.
ФД утврдува кредитна способност за кредитобарателот.
Во кредитна способност на кредитобарателот може да се вклучи и доставена документација за вонредни приходи.
ФД во постапката на обработка на Барањето за кредит покрај однапред утврдената документација го задржува правото да побара и дополнителна документација и утврди друга кредитна способност.
ФД во постапката на обработка на Барањето за кредит покрај однапред утврдената документација го задржува правото да побара и дополнителна документација и утврди друга кредитна способност.
ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КРЕДИТОТ
- БЕЗ ЖИРАНТИ
- меница издадена и акцептирана од страна на кредитокорисникот
ОСТАНАТИ УСЛОВИ
Сите трошоци поврзани со одобрување, користење и отплата на кредитот, како и нотарските услуги ги сноси корисникот на кредит.
ФД го задржува правото да одлучи по сопствена проценка поинаку при утврдувањето на кредитната способност и обезбедувањето.
За предвремена отплата на кредитот ФД не пресметува и не наплатува провизија на предвремено отплатениот дел.
Општи документи
Барање за регистрација на физичко лице за кредитобарател
(Заверена Административна забрана во три примерока за кредитобарател)
Изјава за поврзани субјекти(K)
Изјава за семејна и материјална состојба(K)
СОГЛАСНОСТ-лични-податоци-Кредитокорисник
Потврди за вкупен долг
Жиранти
Барање за регистрација на физичко лице за жирант
АДМИНИСТРАТИВНА ЗАБРАНА за ЖИРАНТ
(Заверена Административна забрана во три примерока за жирант)
Потребни документи за приватна фирма