Добредојде во целосно дигиталната финансиска институција БС
ФД финансиски кредитен центар БС со услугата прифаќање електронска идентификација преку апликацијата ONE ID овозможи лесен, безбеден начин и брз пристап до огромен број на производи и услуги од кое било место во светот и во кое било време.
Електронската идентификација е најсовремено ДИГИТАЛНО РЕШЕНИЕ со високо ниво на доверливост со кое добивате пристап до сите производи и услуги без да имате потреба од посета на шалтер.
Брз пристап / упатство за инсталација на апликацијата ONE ID превземена од страната на КИБС
https://www.oneid.mk/za-korisnici.nspx
Што овозможува електронската идентификација OneID?
Преку користењето на електронската идентификација ONE ID во ФД Финансиски кредитен центар БС, во секое време можете:
- Да аплицирате за нашите потрошувачки кредити до износ од 700 000 денари на период до 120 месеци
- Да аплицирате за брз кредит до 100 000 денари до 12 месеци
- Да отворите платежна сметка од било која институција која има ваква дејност;
Покрај овие поволности, ФД Финансиски кредитен ценар БС веќе работи на проширување на палетата на производи и услуги за кои ќе може да се користи електронска идентификација и за кои веќе ќе немате потреба од посета на шалтер и во иднина би добиле уште повеќе новости и поволности за полесно и ефикасно идентификување, за поголема лична безбедност.
Како се користи OneID?
Мобилната апликација OneID и овозможува да креирате лична електронска идентификација, со кој може да се идентификувате и електронски да потпишувате документи со својот електронски потпис, од кое било место во светот.
Креирањето електронска идентификација е едноставно и започнува со преземање на мобилната апликација OneID. Апликација е достапна на Google Play, App Store и App Gallery (минимална верзија Android 6.0 (API level 23) или iOS 11.4).
Апликацијата OneID е едноставна и лесна за користење. За да се регистрирате и креирате OneID потребни се:
- Мобилен уред кој поддржува биометриска автентификација
- Валидна e-mail адреса
- Мобилен телефонски број (само со македонски мобилни броеви)
- Валидна лична карта или пасош
Услугата е целосно бесплатна.
Секој постапка од самото превземање на апликацијата па и со почеток во креирањето сопствен личен електорнски идентитет OneID е на посебен екран (постапка која треба да се внимава при внесување на сопствените лични податоци)и не може да се префрлите на следниот без да го завршите актуелниот чекор.
Мобилната апликација OneID може бесплатно да ја превземете од:
Апликацијата OneID може да ја користите секаде каде што се бара електронски да се идентификувате и да добиете пристап до различни услуги кои се интегрирани со OneID.
Вашите податоци за идентификација се сосема безбедни со OneID.
Вие давате одобрување преку мобилната апликација OneID за секој поединечен пренос на вашите податоци до мобилните или веб апликации на правните лица чии услуги сакате да ги користите, а каде што е потребно да се идентификувате или електронски да потпишете.
Зошто електронска идентификација?
- Електронска идентификација 24/7 без посета на шалтер и може да ја користе од каде сакате и кога сакате, можност за користење во движење.
- Потпишување барања и договори за најразлични производи на ФД
- Сигурен и безбеден онлајн пристап на Вашите податоци
- Еднократно подесување и креирање на електронската идентификација