Износ на кредитот до 500.000 денари
Период до 72 месеци
Каматна стапка 9,25% , променлива за остатокот на периодот
Трошоци:
- Затворање на сомнителни кредити 5% од износот на кредитот минимум 200 денари
- Апликативен 950 денари
- Проверка во МКБ 500 денари
- Манипулативен 3% од износот на кредитот
- Провизија за управување на кредит 0,5% месечно
Интеркаларна камата: Од денот на исплата на кредитот до денот на почеток на пресметка на првиот ануитет во висина на номиналната каматна стапка.
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) – 11,87% за износ на кредит од 500.000 денари и рок на отплата 72 месеци.
* Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка.
Кредитот намален за износот на трошоците, интеркаларната камата и друго се користи со:
– исплата во готово на благајна во ФД
– пренос на средствата на сметка на корисникот на кредит
– на друг начин по налог на корисникот на кредит.
Корисникот на кредит е должен да склучи договор за кредит со ФД и истиот да го отплаќа според
утврдените услови.
Отплата на кредитот: Кредит се отплаќа во еднакви месечни ануитети. Ануитетот содржи дел главница и дел камата.
Првиот ануитет достасува според амортизационен план или согласно договорот.
ФД утврдува кредитна способност за кредитобарателот.
Кредитобарателот е кредитно способен, кога има нето месечни примања кои гарантираат дека месечниот ануитет нема да преминува 60% од вкупните редовни месечни нето примања или повеќе само со одлука од надлежен орган.
Во кредитна способност на кредитобарателот може да се вклучи и доставена документација за вонредни приходи.
ФД во постапката на обработка на Барањето за кредит покрај однапред утврдената документација го задржува правото да побара и дополнителна документација и утврди друга кредитна способност.
ФД во постапката на обработка на Барањето за кредит покрај однапред утврдената документација го задржува правото да побара и дополнителна документација и утврди друга кредитна способност.
ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КРЕДИТОТ
- ЖИРАНТ
- меница издадена и акцептирана од страна на кредитокорисникот во форма на Нотарски акт со извршна клаузула
ОСТАНАТИ УСЛОВИ
Сите трошоци поврзани со одобрување, користење и отплата на кредитот, како и нотарските услуги ги сноси корисникот на кредит.
ФД го задржува правото да одлучи по сопствена проценка поинаку при утврдувањето на кредитната способност и обезбедувањето.
За предвремена отплата на кредитот ФД не пресметува и не наплатува провизија на предвремено отплатениот дел.
За вработени во приватни фирми потребно е да се достави следната документација:
– Рекапитулари за последните 3 три месеци
– Образец М1/М2
– Извод за Тековна состојба од Централен регистар (не постара од 6 шест месеци)
– Извод од трансакциска сметка (за последните 6 месеци)
– Меморандум за фирмата (со основните податоци за фирмата) – заверен
Општи документи
Барање за регистрација на физичко лице за кредитобарател
(Заверена Административна забрана во три примерока за кредитобарател)
Изјава за поврзани субјекти(K)
Изјава за семејна и материјална состојба(K)
Потврди за вкупен долг
Жиранти
Барање за регистрација на физичко лице за жирант
АДМИНИСТРАТИВНА ЗАБРАНА за ЖИРАНТ
(Заверена Административна забрана во три примерока за жирант)