Износ на кредитот до 600.000 денари
Период до 100 месеци
Каматна стапка 14,30% , променлива за остатокот на периодот
Трошоци:
- Затворање на кредити во други банки и штедилници 10% од износот на кредитот – минимум 3000 денари
- Затворање на кредити во финансиски друштва 25% од износот на кредитот – минимум 5000 денари
- Затварање на сомнителни кредити 30% од износот на изложеноста на кредитот – минимум 5000 денари
- Апликативен 1500 денари
- Проверка во МКБ 1000 денари
- Манипулативен 3% од износот на кредитот
- Провизија за управување на кредит 0,99% месечно
- Провизија за издавање/ обнова/надополнување виза картичка 2000 денари
Интеркаларна камата: Од денот на исплата на кредитот до денот на почеток на пресметка на првиот ануитет во висина на номиналната каматна стапка.
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) – 34,04% за износ на кредит од 600.000 денари и рок на отплата 100 месеци.
* Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка.
Кредитот намален за износот на трошоците, интеркаларната камата и друго се користи со:
– исплата во готово на благајна во ФД
– пренос на средствата на сметка на корисникот на кредит
– на друг начин по налог на корисникот на кредит.
Корисникот на кредит е должен да склучи договор за кредит со ФД и истиот да го отплаќа според
утврдените услови.
Отплата на кредитот: Кредит се отплаќа во еднакви месечни ануитети. Ануитетот содржи дел главница и дел камата.
Првиот ануитет достасува според амортизационен план или согласно договорот.
ФД утврдува кредитна способност за кредитобарателот.
Во кредитна способност на кредитобарателот може да се вклучи и доставена документација за вонредни приходи.
ФД во постапката на обработка на Барањето за кредит покрај однапред утврдената документација го задржува правото да побара и дополнителна документација и утврди друга кредитна способност.
ФД во постапката на обработка на Барањето за кредит покрај однапред утврдената документација го задржува правото да побара и дополнителна документација и утврди друга кредитна способност.
ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КРЕДИТОТ
- ЖИРАНТ
- меница издадена и акцептирана од страна на кредитокорисникот во форма на Нотарски акт со извршна клаузула
ОСТАНАТИ УСЛОВИ
Сите трошоци поврзани со одобрување, користење и отплата на кредитот, како и нотарските услуги ги сноси корисникот на кредит.
ФД го задржува правото да одлучи по сопствена проценка поинаку при утврдувањето на кредитната способност и обезбедувањето.
За предвремена отплата на кредитот ФД не пресметува и не наплатува провизија на предвремено отплатениот дел.
За вработени во приватни фирми потребно е да се достави следната документација:
– Рекапитулари за последните 3 три месеци
– Образец М1/М2
– Извод за Тековна состојба од Централен регистар (не постара од 6 шест месеци)
– Извод од трансакциска сметка (за последните 6 месеци)
– Меморандум за фирмата (со основните податоци за фирмата) – заверен
Општи документи
Барање за регистрација на физичко лице за кредитобарател
(Заверена Административна забрана во три примерока за кредитобарател)
Изјава за поврзани субјекти(K)
Изјава за семејна и материјална состојба(K)
СОГЛАСНОСТ-лични-податоци-Кредитокорисник
Потврди за вкупен долг
Жиранти
Барање за регистрација на физичко лице за жирант
АДМИНИСТРАТИВНА ЗАБРАНА за ЖИРАНТ
(Заверена Административна забрана во три примерока за жирант)
Потребни документи за приватна фирма