Износ на кредитот до 500.000 денари
Период до 72 месеци
Каматна стапка 14%, променлива за остатокот на периодот
Трошоци
• Апликативен 950 денари
• Проверка во МКБ 500 денари
• Манипулативен 3% од износот на кредитот
• Провизија за управување на кредит 0,5% месечно
Интеркаларна камата: Од денот на исплата на кредитот до денот на почеток на пресметка на првиот ануитет во висина на номиналната каматна стапка.
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) – 11,87 % за износ на кредит од 500.000 денари и рок на отплата до 72 месеци.
* Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка.
Користење на кредитот: Кредитот намален за износот на трошоците, интеркаларната камата и друго се користи со:
-исплата во готово на благајна во ФД
-пренос на средствата на сметка на корисникот на кредит
-на друг начин по налог на корисникот на кредит.Корисникот на кредит е должен да склучи договор за кредит со ФД и истиот да го отплаќа според утврдените услови.
Отплата на кредитот: Кредит се отплаќа во еднакви месечни ануитети. Ануитетот содржи дел главница и дел камата.
Првиот ануитет достасува според амортизационен план или согласно договорот.
ФД утврдува кредитна способност за кредитобарателот.
Кредитобарателот е кредитно способен, кога има нето месечни примања кои гарантираат дека месечниот ануитет нема да преминува 60% од вкупните редовни месечни нето примања или повеќе само со одлука од надлежен орган.
Во кредитна способност на кредитобарателот може да се вклучи и доставена документација за вонредни приходи.
ФД во постапката на обработка на Барањето за кредит покрај однапред утврдената документација го задржува правото да побара и дополнителна документација и утврди друга кредитна способност
ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КРЕДИТОТ
- БЕЗ ЖИРАНТИ
- меница издадена и акцептирана од страна на кредитокорисникот во форма на Нотарски акт со извршна клаузула
- жирант (опционо)
ОСТАНАТИ УСЛОВИ
Сите трошоци поврзани со одобрување, користење и отплата на кредитот, како и нотарските услуги ги сноси корисникот на кредит.
ФД го задржува правото да одлучи по сопствена проценка поинаку при утврдувањето на кредитната способност и обезбедувањето.
За предвремена отплата на кредитот ФД не пресметува и не наплатува провизија на предвремено отплатениот дел.
За вработени во приватни фирми потребно е да се достави следната документација:
- Рекапитулари за последните 3 три месеци
- Образец М1/М2
- Извод за тековна состојба од Централен регистар (не постара од 6 шест месеци)
- Извод од трансакциска сметка (за последните 6 месеци)
- Меморандум за фирмата (со основните податоци за фирмата) – заверен
Општи документи
Барање за регистрација на физичко лице за кредитобарател
(Заверена Административна забрана во три примерока за кредитобарател)
Потврда и изјава за редовна отплата на кредит
Податоци за претпријатието
(Само за фирми кои не заверуваат административна забрана)
Изјава за поврзани субјекти(K)
Изјава за семејна и материјална состојба(K)
СОГЛАСНОСТ-лични-податоци-Кредитокорисник
АДМИНИСТРАТИВНА ЗАБРАНА за ЖИРАНТ
(Заверена Административна забрана во три примерока за жирант)
Изјава за семејна и материјална состојба