Кредит за студенти

Износ на кредитот до 120.000 денари

Период до 48 месеци

Каматна стапка 10,50% – променлива

Трошоци
• Апликативен 600 денари
• Проверка во МКБ 400 денари
• Манипулативен 3% од износот на кредитот
• Провизија за управување на кредит 0,03% месечно

Интеркаларна камата: Од денот на исплата на кредитот до денот на почеток на пресметка на првиот ануитет во висина на номиналната каматна стапка.

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) – 13.65% за износ на кредит од 120.000 денари и рок на отплата 48 месеци.

*Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка.

Користење на кредитот: Кредитот намален за износот на трошоците, интеркаларната камата и друго се користи со:
– пренос на средствата на сметка на корисникот на кредит (штедна книшка и сл.)
– исплата во готово на благајна во ФД
– на друг начин по налог на корисникот на кредит
Корисникот на кредит е должен да склучи договор за кредит со ФД и истиот да го отплаќа според утврдените услови.

Отплата на кредитот: Кредит се отплаќа во еднакви месечни ануитети, со или без административна забрана на месечните примања на жирантот на кредит. Ануитетот содржи дел главница и дел камата. Првиот ануитет достасува на наплата по истекот на месец дена од датумот до кој е пресметана и наплатена интеркаларна камата. Достасувањето е секој месец.

ФД утврдува кредитна способност за кредитобарателот.

Кредитобарателот е кредитно способен, кога има нето месечни примања кои гарантираат дека месечниот ануитет нема да преминува 60% од вкупните редовни месечни нето примања или повеќе само со одлука од надлежен орган.

Во кредитна способност на кредитобарателот може да се вклучи и доставена документација за вонредни приходи.

ФД во постапката на обработка на Барањето за кредит покрај однапред утврдената документација го задржува правото да побара и дополнителна документација и утврди друга кредитна способност

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ:

  • Солидарни жиранти
  • Меница, потпишана од страна на сите учесници во кредитот
  • Друго

ОСТАНАТИ УСЛОВИ
Сите трошоци поврзани со одобрување, осигурување, користење и отплата на кредитот, како и нотарските услуги ги
сноси корисникот на кредит.
За предвремена отплата на кредитот ФД не пресметува и наплатува провизија на преостанатиот неподмирен долг.
ФД го задржува правото да одлучи по сопствена проценка поинаку кај утврдувањето на кредитните способности,
обезбедувањето и за висината на износите на кредитите.

Добрите навики се вистинско решение кои се стекнуваат од мали нозе!
За добра цел и можност за секој !